ВИДЕО – Последните подготовки во Крушево за спектаклот – „Macedonian 4×4 trophy“ – пријавени над 200 учесници


Во Крушево се прават последните подготовки за големиот спектакл кој што треба да се случи идниот викенд 4 –тото по ред „Macedonian 4×4 trophy“ во организација на клубот „OFF ROAD PRILEP“. Ова е единствен настан во Македонија од ваков карактер и поради својата атрактивност привлекува голем број како учесници така и посетители кои сакаат да бидат дел од манифестацијата. Најавени се над 200 учесници од 8 држави.

Во 3 класи ќе се вози, првата или најтешка класа, челенџ класа, втората или адвенчер класа и третата класа УТВ возила, тие се постандардни возила но не е така слаба класа, и таа бара добар возач и совозач, добра синхронизација и сето тоа. Предвидено е да се вози 3 дена, со тоа што во петокот имаме и ноќно возење, саботата цел ден и неделата имаме пократка, но доста интересна стаза која може да ја гледа и публиката“, истакна Панчо Чупаркоски, претседател на клубот „OFF ROAD PRILEP“.

Атрактивноста на настанот ја зголемуваат и планинските терени во Крушево кои нудат одлични услови за развој на овој спорт. Организаторите стазите ги подготвувале веќе 2 месеци работејќи и по 15 часа на ден за да се помине во најдобар ред.

Ја имаме поминато планината на сите страни, за сите од нас е како на дланка, знаеме секое камче, секое дрво, секоја кривина каде е, сето е сосема близу тука околу хотелот и Крушево, така да при евентуални проблеми со колите да можеме сето тоа да го решиме што побрзо и да оди трката како што треба, да не се кочи на никој начин. Голем плус на Крушево е што имаме хотел и веднаш до хотелот е стартот на трката, тоа е злато за оф-роадот. Терените се секаде околу нас, ако човек има фантазија тоа може да го изведе без никаков проблем, тука стварно има услови да се направи баш добра трка затоа што терените се стварно добри“, додаде Стефан Стојановски, дел од организацијата на „Macednian 4×4 trophy“.

UTV трката е новитет која според организаторите ќе понуди вистинско шоу.

 Ги поканувам сите тркачи во таа класа да учествуваат, да ги видат убавините на Крушево, планината, стазите и да уживаат едноставно во адреналинскиот спорт. Сакам да посочам дека тие возила, УТВ возилата се новитет кај, испитана е трасата за тие возила, спремна е за тие возила да ги прифати“, посочи Љупчо Перканоски, дел од организацијата на „Macednian 4×4 trophy“.

Ова е само уште една нова содржина која покрај другите ја нуди Крушево за развојот на алтернативниот спортски туризам.

 Крушево е привлечна и атрактивна дестинација, ја развиваме и продолжуваме и во иднина да ја предложуваме како дестинација која привлекува се повеќе гости, но и спортски екипи и спортисти кои ќе го пројават својот интерес да дојдат во што е можно поголем број. Тоа значи поголем раст и развој на туризмот и поголем раст и развој на локалната економија“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Во трките ќе се мери вкупното освоено време од сите нагласени етапи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи