Про Бокс Македонија зеде учество на 75-то јубилејно генерално собрание на Европската Боксерска Унија во Малта


Во саботата на 13 мај 2023 година во Малта се одржа јубилејното 75-то генерално собрание на Европската Боксерска Унија. Од страна на Боксерската Асоцијација на Малта состанокот беше организиран на високо ниво. Присуствуваа 38 членки од Европа.

На собранието присуствуваа двајца делегати од Про Бокс Македонија, секретарот Дарко Чатлески и претседателката Весна Чатлеска. Главна точка на состанокот беше потпишувањето на договор помеѓу сите федерации и асоцијации члеки на Е.Б.У за лиценцирање, издавање дозволи за професионални борби, времетраење на суспензиите на боксерите, нови правила за боксерски ракавици за борби итн.

 

 

 

Претседателот на Е.Б.У Господинот Петар Штуцки потенцираше дека задолжително да се почитуваат минималните стандарди на лекарските прегледи на боксерите, бидејќи најважно е здравјето и заштитата на боксерите. Додека пак за локалните судии напомена дека треба да судат фер и професионално.

„Промотер на годината беше избран Еди Херн. Туција, Молдавија и Албанија беа изгласани за нови привремени членки на Е.Б.У. Во текот на оваа година договоривме да организираме професионална боксерска манифестација во Прилеп помеѓу Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. На крајот со свечена вечера се прослави 75 годишнината на Европската Боксерска Унија. Од страна на Е.Б.У ни беше доделена плакета, а претседателот Петар Штуцки изрази задоволство за работата на Про Бокс Македонија“, велат од Про Бокс Македонија.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи