Денес по повод пензионирањето на легендата на македонскиот мал фудбал и прв селектор на футсал репрезентацијата на Македонија, Пеце Ветаџока, неговите поранешни репрезентативци му приредија изненадување во спортската сала Ристе Ристески Ричко. Покрај ревијалниот дел, беше организиран и заеднички ручек каде сите заедно се потсетија на времето поминато заедно. Овој настан беше организиран од страна на неговиот син Стефан Ветаџокоски. Нека му е среќна и долговечна пензијата!
203