Во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп успешно се реализираше овогодинешната Државна олимпијада по германски јазик

Заврши и овогодинешната Државна олимпијада по германски јазик за учениците од основните училишта, на која учество зедоа повеќе од  275  дечиња – љубители на германскиот јазик и култура, кои се натпреваруваа во четири категории од шесто до деветто одделение и уште еднаш потврдија дека навистина фразата Deutsch macht Spaß 🇩🇪 не е само обична изрека, туку реалност.

Натпреварот се одржа во Прилеп, во градот под Марковите Кули, баш во централното основно училиште „Кочо Рацин“, а домаќините – тимот на наставници при ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп предводени од наставничките по германски јазик и директорката на училиштето Јулијана Тренкоска, се погрижија овој настан да биде сладок спомен.

„Ние, наставниците, умееме да направиме чуда! Токму како ова вчера. A знаете зошто? Затоа што за нас, наставниците, најважна е среќата, радоста и насмевката на децата! Изучувањето на германскиот јазик им го овозможуваме на еден креативен начин, бидејќи тоа, германскиот јазик значи забава.

Затоа ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на нашите пријатели од Гете-Институтот Скопје без чијашто поддршка не би можеле да понудиме ваков формат на настава и натпреварувачки активности од светски калибар. Сакаме да им се заблагодараме и на Амбасадата на С. Р. Германија во Скопје и Советот на Општина Прилеп, кои преку присуството на своите претставници му дадоа поинаква тежина на овој настан. На крај огромна благодарност до нашите спонзори „ВИТАМИНКА“ АД Прилеп, „КОЖУВЧАНКА“ ДОО Кавадарци и „АРС ЛАМИНА“ Скопје, кои уште еднаш покажаа дека секогаш се отворени за соработка кога станува збор за децата и нивната среќа.

Од се срце им честитаме на добитниците на награди и се гордееме што сите ученици, без разлика дали освоиле место или не, се особено горди поддржувачи на германскиот јазик и култура“, изјави Тренкоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи