Енергетско ефикасни практики во земјоделието како решение за климатските промени

На 6ти јуни (вторник) од 10 до 13 часот во СОУ Орде Чопела – Прилеп ќе се одржи средба „Енергетско ефикасни практики во земјоделието“ во рамки на проектот “Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени“.

Целта на овој настан е вмрежување на членките на Македонската Асоцијација за Сончева Енергија – Солар Македонија, членките на ЛАГ Агро Лидер и заинтересираните од регионот.

Одлична можност за запознавање со компаниите кои работат во:

  • производство, монтажа и сервисирање на соларни системи
  • монтирање фотонапонски системи
  • производители на соларни сушари
  • трговци
  • монтажери на соларни системи

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани за остварување средба со претставници од Соларен сектор да се информираат за можностите за соларни и фотонапонски системи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи