СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп има 5 струки со 9 образовни профили. Тука се здравствената струка, струката лични услуги, текстилно-кожарската, шумарско-дрвопреработувачка и геолошко-рударската и металуршка струка. Во здравствената струка има 3 профили, 2 паралелки за струката медицинска сестра и по 1 паралелка за профилот медицински техничар и физиотерапевтски техничар. Во струката лични услуги има 2 профили, техничар за козметичка нега и убавина и фризери. Во шумарско-дрвопреработувачката струка има 1 паралелка, во текстилно-кожарската исто така е планирана една паралелка, која што е дуална, а во геолошко-рударската и металуршка струка ќе има 2 паралелки, една со 4, а друга 3 со годишно траење. Бидете и вие дел од најбараните професии на пазарот на труд кај нас.
Погледнете како изледаат образовните струки и профили во училиштето и како се одвива наставниот процес.
154