ВИДЕО – Дел од Чачорица како Венеција – повторно се поплави крак од ул. „Александар Македонски“


По кој знае кој пат целосно се поплави крак од улицата „Александар Македонски“ што се наоѓа покрај градската река во населбата Чачорица. Жителите велат дека ова се случува веќе со години наназад секогаш кога ќе заврне пороен дожд и ќе надојде Градската река. Причина било тоа што реката во тој дел на градот нема изградено корито, односно се работело за изградба на заштитен ѕид од околу 200 метри. И покрај многубројните апели до локалната самоуправа никој до сега не сакла да го реши проблемот.

„Ова е брука и срамота. Со години се молиме кај сите досегашни градоначалници и никој не сака да изгради заштитен ѕид на реката. При секој пороен дожд како овој денеска ние своите домови ги штитиме со вреќи со песок. Недостасуваат само сантиметри водата да навлезе во домовите. Никој не се ангажирал досега да го реши овој децениски проблем. Како ние да не постоиме, како да не сме граѓани на овој град“, револтирани се жителите на овој дел од градот и апелираат локалните власти конечно да се започнат со решавање на овој проблем.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи