ВИДЕО – Учениците по соло пеење од „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп државни прваци


Учениците по соло пеење од ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп, Барбара Гиноска, Ангел Кулески и Фросина Наумоска се државни прваци на Македонија. Оваа награда ја заслужија после 2 месечна напорна работа, под менторство на професорот Стефан Неданоски. Учениците за 2 месеци учествувале на 4 натпревари, во две категории каде постигнале одлични резултати.

Станува збор за четири натпревари, меѓу кои 2 интернационални, 1 регионален и 1 државен натпревар и на сите овие натпревари тие зедоа први места. Зедоа исто така и втори места во иста категорија, значи ако едното дете зело прво место, другото зело второ место во истата таа категорија. Тие учествуваа во 2 категории на овие натпревари, тоа се прво и второ одделение во категорија соло пеење, тоа значи сооднос 7 и 8 одделение према основните училишта. Тие натпревари се одржуваа во Штип, Кавадарци и Битола. Двата интернационални натпревари беа во Штип и во Кавадарци, каде што имаше доста голема конкуренција и таму зедовме први и специјални награди“, вели Стефан Неданоски, професор по соло пеење.

Неданоски вели дека за овој период учениците се подготвувале според негов метод за пеење и работа кој се покажал како доста успешен.

Јас го воведувам всушност мојот метод на соло пеење, за прв пат кај оваа генерација на соло пејачи. Тој се базира на методот на Марчело дел Монако, кој е брат на големата ѕвезда Марио дел Монако од 60-тите години, кој што ја приспособи техниката на Артуро Мељоки да можат да ја употребуваат и полирски гласови. Мојот метод уствари преставува приспособување на методот на Марчело дел Монако на мојот глас, а потоа и на гласовите на овие млади пејачи.

Колку успеавте во тоа, колку време им требаше да се подготват?

Знаете за овој метод да се совлада, заради комплексноста на самиот метод им требаат години, но бев многу изненаден заради нивниот талент и тоа колку се интелигентни што успеаја да направат толкав напредок за само 2 месеци. На овој метод не само што работев за време на моите студентски денови, мојата работа продолжи и по дипломирањето, при различни професори од странство, пред се од Германија и Италија. Како и советите кои ги добив од еден од најголемите тенори на сите времиња Џанфранко Чекеле, кој го употребуваше токму овој метод на Марчело дел Монако, беше негов студент“, додаде Неданоски.

Учениците велат дека овој нов метод на работа доста им помогнал во совладување на соло пеењето и планираат и во иднина да се занимаваат со оваа уметност.

Јас започнав да се занимавам со оваа уметничка дисциплина поради инспирацијата која ја добив од мојата мајка и мојата љубов кон музиката и јас планирам да се занимавам со музиката до крајот на мојот професионален век“, кажа Барбара Гиноска, ученик во ООУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп.

 

За мене музиката преставува еден прозорец кон една нова уметничка димензија, преку која секојдневнието го оставаме зад себе“, рече Ангел Кулески, ученик во ООУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп.

 

Техниката на маестрото мене ми помогна мојот глас да стане помоќен и да добиеме пристап до високите тонови. За мене музиката преставува уметничка дисциплина во која јас ја искажувам мојата љубов“, вели Фросина Наумоска, ученик во ООУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп.

Неданоски вели дека планира да напише прирачник за овој метод која ќе биде издаден за една година до година и полоцина, кој што пак ќе послужу како учебник според кој професорите ќе може да се водат во развивањето на гласот на еден пејач.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи