Прилепчанецот Мартин Јованоски дел од екипата која го освои 3-то место на Светското првенство во параглајдерство во Франција


Македонија го освои третото место во екипна конкуренција на Светското првенство во параглајдерство, чиј домаќин во изминатите две недели беше француското гратче Шаму-сир-Желон во северниот дел на Алпите.

Настапувајќи во состав Дарко Станковски, Мартин Јованоски, Александар Гачевски и Ѓорѓи Ристовски,  македонскиот тим по деветте одржани трки освои 14.879 поени, избивајќи пред Чешка на последниот ден од натпреварувањето.

Златниот медал му припадна на домаќинот Франција со 16.100 поени, а на второто место заврши Велика Британија со 15.517. На 18. Светско првенство учествуваа 57 држави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи