ВИДЕО – Илиоски: Премиерно издание на „Ramniste Cave MTB 2023“ – ветуваме одлична тура, супер дружење и забава

Се наоѓаме точно еден месец пред нашата тура „Ramniste Cave MTB 2023“, која премиерно ја организираме годинава, нешто ново во организација на нашето здружение „Маркови точакџии“. Ова е прва наша официјална тура, иако досега не сме организирале вакви настани, во сопствена режија имаме организирано неколку подолги тури како велосипедската тура до Истанбул, до Атина, до Калитеа, околу Охридско Езеро итн., но годинава решивме да презентираме нешто ново, изјави Филип Илиоски од здружението на велосипедисти МАРКОВИ ТОЧАКЏИИ.

„Ramniste Cave MTB 2023 започнува на 1 јули и ќе трае до 2 јули, односно дводневна тура. Првиот ден во саботата започнува со дочек на гостите, на посетителите, вечерта ќе има забава со диџеи, музика, скара, пиво, добра дружба до подоцнежните часови, додека во недела е самата тура. Турата од прилика изгледа вака, долга е 30-тина километри, започнува од црквата во село Ореовец каде ќе биде и самиот камп, од тука сите учесници тргнуваат кон Прилепското Езеро, од тука се упатуваат кон планинарскиот дом „Дервен“, кој за жал е изгорен и не е во функција. Потоа од тука се упатуваме кон месноста Борула, се вози низ густа шума, планинска патека цело време, сега има и доста кал. Потоа следи спуст до селото Крстец и од Крстец има кратко возење околу 15-тина минути до самата пештера „Рамниште“, по која го носи името самата тура. Таму ќе има посета на пештерата, организирано да се презентира, а потоа од самата пештера има околу 5 до 10 минути до завршување на турата, до враќање во кампот.

Што се однесува до котизацијата на турата, изнесува 1.000 денари. За сите што имаат уплатено котизација во тие 1.000 денари добиваат драј фит дрес, добиваат поручек и ручек од организаторите, за време на турата ќе има 2 освежителни пунктови каде сите учесници ќе добијат производи за освежување и рехидратација. Во самата тура, по завршувањето на турата ќе има лотарија, каде покрај другите награди, главната награда ќе биде планински велосипед.

Јавно ги повикуваме сите вљубеници во велосипедизмот и природата да учестуваат на нашиот настан и се добредојдени во што поголем број“, истакна Илиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи