Луѓето со кои секојдневно се сретнуваме, земјоделците се навистина незадоволни и се чувствуваат навистина оставени сами на себе од оваа арогантна, неспособна власт која воопшто не се грижи и она што го работи во делот на аграрот, но и во останатите делови, сфери, образование, здравство и останати сфери секако е од лукративни причини најчесто, рече на вечерашната трибина во Прилеп, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
„Се чувствуваат земјоделците, пред се тутунопроизводителите оставени сами на себе, ограбени, бидејќи во изминатите години откако дојде СДСМ на власт навистина состојбата во тутунопроизводството е многу лоша. Наместо да има организиран, добар откуп, се соочивме низ годините со еден неорганизиран, хаотичен откуп, ниска откупна цена, годинава се фалеа со повисока откупна цена, но заборавија тука да ја кажат улогата на огромната инфлација, високите цени во производствот, високите цени на нафтените деривати што секако го изеде профитот на тутунопроизводителите и на крајот луѓето велат дека работат само да ги покријат основните трошоци.
Ова го кажувам бидејќи обврска на власта, на владата е кога има една ваква ситуација, еден ваков дисбаланс помеѓу производствената и откупната цена на еден производ, тогаш мора да интервенира владата. Тоа не беше случај во сите овие години уназад и затоа состојбата со тутунопроизводството, односно состојбата на тутунопроизводителите е многу лоша.
Во изминативе неколку години, на мое задоволство и тука секако благодарност и на сите колеги од четвртата изборна единица, посено колегата Љупчо Димовски, колешката Лашкоска која е исто така од Прилеп, навистина го кренавме прашањето за тутунопроизводството, го акцентиравме на високо ниво во Собранието на Република Македонија како никогаш досега и како резултат на нашите активности поднесувавме иницијативи за промена на Законот за тутун и тоа мора да се случи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, бидејќи со самото доаѓање на СДСМ на власт се случи едно катастрофално законско решение кое го донесоа, дозволија увоз на ситнолисен ориентален тутун, што секако беше на штета на домашното производство. Ова треба да ни биде како еден приоритет, да го заштитиме домашното производство и додека целокупното домашно производство до лист тутун не се откупи да не се дозволи увоз на тутун во Република Македонија.
Потоа можам да се пофалам со неколку иницијативи кои вродија со плод, тука би го истакнал како наш амандман прифаќањето на интервентен фонд во Буџетот на Република Македонија со кој баравме да се издвојат 10 милиони евра како заштита на земјоделците и помош при набавката на семенски репроматеријали и слично, но власта се најде затечена и од немајкаде дозволија со некои нивни консултации во текот на расправата, некои 4 милиони евра. Ние побаравме 10, но и понатаму ќе се бориме во интерес на граѓаните да носиме вакви добри законски решенија. Уште да спомнам дека и она изнудено субвенционирање со ковид програмата од 5 милиони евра беше при реакција на пратениците од ВМРО ДПМНЕ и протестите кои ги организираа незадоволните тутунопроизводители“, истакна Ристески.