ВИДЕО – Трипуновски: Целосна контрола на сета храна која влегува во Македонија, изградба на откупно-дистрибутивни центри, минимални производствени цени, одржување на системите за наводнување


Во делот на она што значи квалитет и безбедност на храна ВМРО-ДПМНЕ ќе направи максимално зајакнување на фитосанитарниот систем, односно навремена и целосна контрола на се она што влегува во Република Македонија, затоа што пред се и над се здравјето на сите граѓани во Република Македонија треба да биде приоритет за секој еден функционер, рече на вечерашната трибина во Приле, Цветан Трипуноски, претседател на Комисијата за земјоделие, кој ги наброја работите што ќе преземат тие како партија доколку дојдат на власт.

„Во делот на пласманот на земјоделските производи, горлива тема која ја слушаме изминативе години, ќе спомнам само 3 од сетот на мерки кои ќе значат практично решавање на овој горлив проблем, а тоа е да се донесе нов закон со модифицирани и зајакнати услови во делот на кој се може да откупува земјоделски производи во Република Македонија, со посебен акцент на исплатата на земјоделските производи кои ќе бидат откупени.

Тука неминовно е да се спомнат и изградба на нови и модерни откупно-дистрибутивни центри кои повеќе години се зборуваат, но никако да станат реалност во Република Македонија. И она што сметам дека е во првите 3 приоритети е да секоја година Министерството, Владата донесе минимални производствени цени кои ќе бидат оној минимум за секој еден земјоделски производ во тековната година, бидејќи само така ќе можеме да зборуваме за рентабилно земјоделско производство.

Во делот на исплатата на субвенции и искористување на ИПАРД средствата само накратко ќе спомнам дека ќе направиме целосна ревизија на оваа погрешна методологија, која сега за жал Министерството, министерот, премиерот се обидуваат да го престават како успешна приказна, а не е ништо друго освен кратење на субвенциите и доуништување на македонското земјоделство. Значи зголемени субвенции, олеснување на бирократските процедури за да им биде полесно на земјоделците да аплицираат и за националните финансии и за европските фондови, со цел да можат што е можно повеќе земјоделци да ги добијат овие средства навремено, согласно календарот за исплата на овие субвенции.

Во делот на водостопанството, како битен сегмент затоа што климатските промени си го прават своето и без вода за наводнување на полињата нема да може да зборуваме за рентабилно производство. Нема да дозволиме како сега во моментот што е најголемата хаварија случена во Росоман, а тоа е цевководот Макарија кој практично ги снабдува Градско и Росоман со вода за полевање, да имаме ваква ситуација каде практично преку 5.000 хектари ќе останат без наводнување и тоа е само заради неспособноста на Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

Она што ВМРО  ДПМНЕ ќе го инвестира, ќе го промовира, ќе го спроведе како проект е носење на 10 годишна програма за водостопанство со 20 милиони евра инвестиции на годишно ниво за изградба и одржување на постоечките системи за наводнување, затоа што наводнувањето треба да биде во приоритетите. Не можеме да замислиме земјоделско производство без наводнување на македонските полиња.

Земјоделското земјиште како еден битен сегмент и ресурс за земјоделско производство, најавуваме целосна ревизија на она што значи погрешна распределба на земјоделското земјиште и злоупотреби од страна на власта, каде гледаме дека луѓе од надвор кои се се, замо не земјоделци добиваат земјоделско земјиште и практично искористуваат субвенции, а не го обработуваат како што треба. Таа ревизија ќе значи повторна распределба на сето земјоделско земјиште на вистинските земјоделци со цел да можат да остварат право на производство, односно да можат да егзистираат со своите семејства во Република Македонија.

Како заклучок би сакал да кажам дека ВМРО ДПМНЕ ќе направи едно комплетно рестартирање на она што значи погрешни политики кои ги води СДСМ во моментот, враќање на достоинството на македонскиот земјоделец да ги задржиме и младите во Република Македонија, земјоделството да биде една од битните економски гранки во нашата држава, да не молиме за храна, едноставно да бидеме она што некогаш сме биле, а тоа е главен извозник на квалитетна и здрава храна надвор од Република Македонија“, додаде Трипуновски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи