Од неодамна почнавме со асфалтирање, таа градежна офанзива за која не не послужи малку и времето, ни го одложи почетокот. Можеме да кажеме дека навистина, со свои средства издвоени од буџетот на Општина Прилеп се планира да се асфалтираат повеќе од 60 улици, односно повеќе од 70.000 квадратни метри рехабилитација, реконструкција и обновување на оштетени улици кои повеќе од 40 години не биле допрени, истакна на вечерашната трибина во Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески.
„Тоа е навистина работење во смисла подобрување на нашата инфраструктура. Инфраструктурата не се однесува само на рехабилитација на улици во нашиот град, излегуваме и надвор од нашиот град, односно во населените места кои навистина заслужуваат средување и на нивните патишта и улици.
Голем дел од нашите активности се однесуваат и во подобрување на условите во работењето на образованието. Повеќе од 35 милиони денари одвоивме за сите основни и средни училишта во нашиот град и веќе не постои училиште каде дали училниците, дали ходниците, вецињата, кабинетите, училишни спортски сали, училишни спортски терени во дворовите на училиштата ги реконструираме со цел да понудиме подобри услови за квалитетно образование во нашиот град.
Посветуваме и големо внимание и на културата и спортот. Се гордееме со тоа што од овој викенд ни започнува и македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, претходно многу одлично го организиравме и „Прочка 2023“.
Потоа од претходните наши зацртани проекти беше и изградбата на кракот од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, односно кракот „Борка Талески“ некаде околу 3.500 метри квадратни, прекрасно сработен со нова урбана опрема, со нова подземна реконструкција на водоводна мрежа, одевме до детали.
Исто така нешто што нашите сограѓани уживаа да го проследат беа прекрасно одржаните детски фестивали „Силјан Штркот“, „Ѕвездички“, „Мали ангели“. Имавме поддршка и за манифестацијата „Поетско Маркукуле“, „Денови на Крали Марко“, поддршка имавме и за фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“, како и „Мариовско – мегленските средби“ кои следат во скоро време.
Кажавме дека наидовме на големи опструкции, а тоа е еден витално значаен проект, тоа е влезот од Крушево во Прилеп, улицата „Леце Котески“, која од непознати причини, а за нас сепак познати успеваа со често враќање и ревидирање на проектот кој ние навреме го предадовме да го кочат. Конечно се осудија од наредната недела да стартува целосна реконструкција од 2.100 метри, проект платен од Светска Банка, во изведба на Министерството за транспорт и врски, со кој навистина еден од нашите влезови ќе добие заслужен изглед“, рече Јовчески.