ВИДЕО – Тодеска: Прилепските кадри од СДСМ во централната власт ништо не направија за Прилеп


И последните прилепски кадри од редовите на СДСМ во централната власт, го напуштаат бродот кој тоне. Јасно им е дека се соочуваат со огромен пораз на претстојните парламентарни избори, па на ваков начин си мислат дека граѓаните ќе подзаборават дека биле дел од најнеспособната власт предведена од ДУИ и СДСМ, истакна на денешната прес конференција Билјана Тодеска, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Почитувани,
И последните прилепски кадри од редовите на СДСМ во централната власт, го напуштаат бродот кој тоне. Јасно им е дека се соочуваат со огромен пораз на претстојните парламентарни избори, па на ваков начин си мислат дека граѓаните ќе подзаборават дека биле дел од најнеспособната власт предведена од ДУИ и СДСМ.
После три години неуспешна работа, период во кој железничкиот транспорт системски се уништуваше, директорот Хари Локвенец, вчера попладнето поднесе оставка од позицијата на институцијата со која раководи.
Од медиумите дознавме дека оставката е поради „лични причини“. Ќе беше доблесно истиот Хари Локвенец оваа оставка да ја поднесеше поради неуспешното менаџирање и катастрофалните резултати од позицијата директор на Јавното претпријатие „Железници на РМ – инфраструктура .
Дното е пробиено! Нема област во која СДСМ не создаде хаос и безредие. За жал мора да констатираме дека прилепските кадри во централната власт речиси со ништо не придонесоа за Прилеп и прилепчани. Се прошетаа од функција на функција, како пратеници, министри, директори, кандидати за градоначалници кои подзаборавија на потребите и интересите на своите сограѓани.
Да се потсетиме дека и Горан Сугарески, несудениот градоначалник на Прилеп кој загуби со катастрофални 7500 гласа разлика, беше дел од централната власт како министер за транспорт и врски. Истиот ќе остане запаметен по лажните ветувања за изградба на експресниoт пат од Градско до Прилеп до 2020-та година и стопирањето на овој голем проект од огромно значење за Прилеп и бизнис секторот во нашиот град. Наместо изградба на овој пат за кој беа обезбедените средства и веќе започнат проект, Сугарески залудно им потроши неколку години на прилепчани.
Ова се кадрите на СДСМ од Прилеп, кои освен задоволување на некакви лични интереси и хирови со ништо не го подобрија животот во нашиот град, а имаа можност која не ја искористија. Ваквата неспособност и ваквото неработење, граѓаните ќе го казнат со огромниот пораз кој ќе им биде нанесен на СДСМ на следните парламентарни избори.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Четврток, 08 јуни 2023

„После три години неуспешна работа, период во кој железничкиот транспорт системски се уништуваше, директорот Хари Локвенец, вчера попладнето поднесе оставка од позицијата на институцијата со која раководи. Од медиумите дознавме дека оставката е поради „лични причини“.

Ќе беше доблесно истиот Хари Локвенец оваа оставка да ја поднесеше поради неуспешното менаџирање и катастрофалните резултати од позицијата директор на Јавното претпријатие „Железници на РМ – инфраструктура. Дното е пробиено! Нема област во која СДСМ не создаде хаос и безредие. За жал мора да констатираме дека прилепските кадри во централната власт речиси со ништо не придонесоа за Прилеп и прилепчани.

Се прошетаа од функција на функција, како пратеници, министри, директори, кандидати за градоначалници кои подзаборавија на потребите и интересите на своите сограѓани.

Да се потсетиме дека и Горан Сугарески, несудениот градоначалник на Прилеп кој загуби со катастрофални 7.500 гласа разлика, беше дел од централната власт како министер за транспорт и врски. Истиот ќе остане запаметен по лажните ветувања за изградба на експресниoт пат од Градско до Прилеп до 2020-та година и стопирањето на овој голем проект од огромно значење за Прилеп и бизнис секторот во нашиот град.

Наместо изградба на овој пат за кој беа обезбедените средства и веќе започнат проект, Сугарески залудно им потроши неколку години на прилепчани. Ова се кадрите на СДСМ од Прилеп, кои освен задоволување на некакви лични интереси и хирови со ништо не го подобрија животот во нашиот град, а имаа можност која не ја искористија.

Ваквата неспособност и ваквото неработење, граѓаните ќе го казнат со огромниот пораз кој ќе им биде нанесен на СДСМ на следните парламентарни избори“, кажа Тодеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи