Започна со рехабилитација улицата Леце Котески – ќе се градат и целосно нови велосипедски и пешачки патеки

Започна со рехабилитација една од најфрекфрентните улици во Прилеп, улицата Леце Котески, проект во вредност од 47 милиони денари кој е финансиран од Светска банка, а имплементиран од Министерството за транспорт и врски. Денес договорот за истата го потпишаа градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Се работи за целосна рехабилитација на улицата како и изградба на нова велосипедска и пешачка патека.

„Убава вест за сите наши граѓани од Општина Прилеп. Нашата Локална самоуправа ги спроведе сите технички документации и после година и половина чекање, конечно дојдовме до фаза на почеток на градежните работи на овој наш значаен влез на градот кој што не поврзува со општина Крушево.

Подобрувањето на патната инфраструктура, со цел да создадеме погодни услови за зајакнување и унапредување на бизнис климата во нашата општина останува наша цел. Во таа насока, за да обезбедиме реализација на што е можно поголем број на проекти од капитално значење за нашиот град, ќе продолжиме да работиме и соработуваме со сите надлежни институции“, истакна Јовчески.

Министерот Бочварски повика на трпеливост на возачите, затоа што со овој проект се модернизира патната мрежа, но истовремено се подигнува и безбедноста во овој дел од градот. Додаде дека тимовите на изведувачите и надзорниот орган ќе работат со целиот свој капацитет за завршување на овој проект во предвидениот рок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи