На 13.06.2023г. на Економскиот факултет во Прилеп во организација на невладината организација COSV Италија подружница Прилеп, се одржа средба за вмрежување помеѓу академската заедница, регионалната стопанска комора и невладиниот сектор. Средбата беше прва од низата планирани средби за вмрежување според Triple Helix методот, во рамките на проектот ENTEG -Претприемништво за високообразовани студенти чија цел е сите релевантни чинители да донесат заеднички заклучоци за решавање на проблемот со одлив на кадри од нашата земја.
Проректорот за студентски работи од УКЛО, проф. д-р. Јасмина Буневска -Талевска и деканката на Економски факултет-Прилеп, проф. Д-р. Драгица Оџаклиеска реферираа на темата „Развој на таленти како мисија на УКЛО“, по што се отвори плодотворна дискусија за предизвиците со кои се соочува академската заедница.
Проектот е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички во INTERREG IPA CBC Greece- North Macedonia program 2014-2020.