Повеќе физички пресметки во Прилеп

Повеќе физички пресметки се случиле вчера на територијата на Прилеп, кои што биле пријавени во ОВР Прилеп.

На 26.06.2023 полициски службеници од ОВР Прилеп од населба „Три Багреми„ во Прилеп, ги лишиле од слобода  Е.А.(32) , В. А.(54)  ,С.А. (25) ,Ѓ.А. (33) , Ш. Р.(24)  ,М. А.(28) , Џ. А.(33)  сите од Прилеп, затоа што истите во населба Тризла во Прилеп учествувале во меѓусебна физичка пресметка.

Во ОВР Прилеп П. С.(54) од Прилеп пријави дека на ул.11ти Октомври бил физички нападнат од Т.Ј.од Прилеп. Н. Ќ.(32) од Прилеп пак, пријавил дека на ул. „Сотка Ѓоргиески“ во Прилеп бил физички нападнат од П.Б. од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на сите случаеви.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи