Денес во ОВР Прилеп 35-годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.
На 04.07.2023 полициски службеници од ОВР Прилеп на ул„ Дабничка“ ги лишиле од слобода М.С.(24) и Е.Ј.(18)од Прилеп.При извршен преглед над истите пронајдена е марихуана.
На 04.07.2023 полициски службеници од ОВР Прилеп на бул„ Гоце Делчев“ во Прилеп го лишиле од слобода З.З.(55)од Прилеп . Истиот го нарушувал јавниот ред и мир со дрско и недолично однесување и ги омаловажувал полициските службеници.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно документирање против лицата ќе следува соодветен поднесок.
220