Со обнова на скалите финишираше реконструкцијата на домот „Томе Темелкоски“ за оваа фаза


Прилепските Планинари Авантуристи во соработка со ПСД „Момата“ ја финишираа реконструкцијата на планинарскиот дом „Томе Темелкоски“ со изградба на нови скали пред самиот дом.

„Останува уште една генералка во чистење и со тоа завршува санацијата со сите парични и материјални средства со кои располагавме. Доколку излезат нови средства следува нова работа, со нови работи за подобра функција на Домот. Благодарност до членовите на „ПСД „Момата“ кои несебично помогнаа во сите акции, а во денешната со двајцата нивни членови Тони Ристески и Горан – Старото. Благодарност со сите останати кои помогнаа во целосната санација. Благодарност до сите кои донираа на маршот и до Kiril Jandreovski донатор на шпоретите, компанија „Велкоски“ донатор на материјали и средства за фарбање и молерај, „Маријан твист комјутери“ и Зоран донација на цименто и сите други кои несебично помогнаа. Спортски поздрав и се гледаме во наредна акција“, истакнаа од Прилепски Планинари Авантуристи.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи