Денеска Советот на Општина Прилеп ја одржа својата 30-та седница на која донесе програма за субвенционирање на линиски превоз кој би се обраќал од градот кон населените места. Овој процес после 2019 година беше прекинат, а сега повторно се воспоставува.
„Во програмата за субвенционирање се дадени паралелни уште 2 други одлуки за тоа во кои населени места ќе се сообраќа и која е субвенцијата која ја дава Општина Прилеп. Во одлуката стои дека Општина Прилеп ќе ги субвенционира превозниците со 15 литри гориво на поминати 100 километри и се утврдени предлог цени кои би требало да ги имаат превозниците кои би сообраќале на овие линии. Понатаму ќе се донеси правилник како ќе се направи јавниот повики кои ќе бидат критериумите за превозниците на патници да можат да учествуваат на овој повик и да ги користат субвенциите кои ги дава локалната самоуправа. Со тоа позитивниот момент со оваа одлука е што граѓаните од населените места ќе имаат редовен линиски превоз кој ќе сообраќа од градот кон нивното населено место и обратно, што значи ќе им се олесни животот на граѓаните од тие населени места“, истакна Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.
Се планира овие линии да сообраќааат до најодалечените населени места во нашата општина, а прво и најзначајно е Прилеп – Витолиште, каде досега граѓаните плаќаа преголеми цени за превоз со такси услуги користење или друг вид на превоз.
„Понатаму линија која ќе се сообраќа до сите населени места, но најодалеченото место е Чепигово, потоа до населеното место Подмол, до населеното место Мажучиште и до населеното место Радобил, значи сите краеви на нашата општина ќе бидат опфатени со овој линиски превоз, се надеваме дека ќе има сериозна конкуренција, ќе има превозници кои ќе бидат заинтересирани да го извршуваат овој превоз“, кажа Проданоски.
Се планира јавниот превоз да биде воведен од септември.