Како Совет на Општина Прилеп дојдовме и до финалната фаза на она што го работевме како нов процес во нашата општина и она што го додадовме во Статутот на Општина Прилеп, а тоа е новата форма на граѓанско одлучување, изјави денеска претседателот на Совет, Дејан Проданоски.
„Форумите во заедниците и проектот кој заедно со донаторите, односно со УНДП треба да се случи во Прилеп, донесовме одлука за кофинансирање со која Општина Прилеп учествува со 1 милион денари во изградба на инклузивно детско игралиште кое што ќе се најдува на Могилата на непобедените, а беше по избор на граѓаните кои учествуваа на четирите форумски сесии и донесоа одлука дека тоа е најприоритетно што треба Општина Прилеп да го направи“, кажа Проданоски.
116