ВИДЕО – „Ramniste Cave MTB 2023“ – нова вело тура која ќе придонесе за поголема промоција на убавините на Прилеп


Прилеп доби уште една планинска велосипедка тура „Ramniste Cave MTB 2023“ која ќе допринесе за уште поголема промоција како на овој спорт така и на убавините кои ги нуди овој регион. Турата долга 32 км. е во организација на здружението „Маркови Точакџии“, а учесниците кои тргнаа од селото Ореовец ги посетија Прилепското Езеро, преминот „Дервен“ со планинарскиот дом, селото Крстец како и пештерата „Рамниште“ која беше осветлена за оваа намена и претставува вистинска атракција.

„Средно тешка тура, би ја оценил 7 од 10 тежина. Има доста искачувања, спустови, крос кантри, за да секој може да ја посети. Има еден сегмент кој што е технички позахтевен, потоа има посета на пештера, посета на 2 езера, буквално се опфатено“, кажа Филип Илиоски, претседател на здружение „Маркови Точакџии“.

Имаше учесници од повеќе градови на Македонија кои велат дека овој спорт станува доста популарен кај нас и веќе направиле Асоцијација на вакви здруженија и календар на настани според кој се ориентираат сите кои сакaт да возат вакви тури и меѓусебно сите здруженија се поддржуваат.

„Да го смениме начинот на живот досегашен да внесиме во секојдневниот живот малку повеќе активности, а пред се активности надвор од домот. Да си ја запознаеме планината и деловите од Македонија кои досега не сме си ги знаеле“, кажа Павел Ангелов, „Велес бајкинг“.

 

„Некои тури веќе се поклопуваат една со друга, па гледаме едни наши членови да одат на една тура, други на друга за да бидат сите заедно поддржани“, додаде Владимир Јованоски, Прилепски Планинари Авантуристи.

 

„Имаме доста голем потенцијал за развој на овој спорт кај нас. Некој вид на активен туризам или слично. Класичниот туризам со мориња мислам дека полека ќе се заменува со активен туризам“, изјави Никола Грозданов, „МТВ Штип“.

Учесниците беа пречекани и со традиционалчните прилепски специјалитети на здружението на жени „Преродба“ од Прилеп, а на крајот на турата како изненадување имаше и лотарија за сите присутни, на која главна награда беше велосиед.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи