Владата на вечерашната 173-та седница ги задолжи стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите. Забраната ќе важи од денеска.
Како што информира владината прес-служба, забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.
На подрачјето на Водно, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.
150