ВИДЕО – Бочварски: Експресниот пат Прилеп-Градско ќе биде готов во 2024 година


20 години се зборува за патот Прилеп-Градско и 20 години немало ваков прогрес на изградбата каков што има денеска. Најголемиот прогрес и најголемите градежни работи се реализирани токму денеска и во последните две години, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, на денешниот увид во градежните работи на експресниот пат Прилеп-Градско, кај делницата Градско-Дреново.

„Токму поради тоа можам да го изразам само задоволството од реализацијата на овој проект и токму поради тоа што за само 2 години имаме преку 40% прогрес на овој пат, за да денеска дојдеме на 75% и нашите очекувања се дека со ваква динамика, вакво темпо ќе го завршиме на почетокот или најдоцна средина на 2024 година. Со што ќе биде пуштен во употреба. Ова е децениска желба и барање на бизнис коморите на Прилеп, Битола, Пелагонискиот регион, Велес, Росоман и сите останати градови“, истакна Бочварски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи