ВИДЕО – Ковачевски: Експресниот пат Прилеп-Градско е пример за посветено работење на изградба безбедни и модерни патишта


Овој нов експресен пат што се гради, од Дреново до клучката Градско, дел од Коридорот 10 – Д, е уште еден пример дека посветено работиме на изградбата безбедни и модерни патишта. Со тоа, создаваме европски услови за живот на граѓаните, овде, во државата и ја поврзуваме Република Северна Македонија со Европа, истакна премиерот Димитар Ковачесвки на денешниот увид во градежните работи на експресниот пат Прилеп-Градско, кај делницата Градско-Дреново.

„Делницата на експресниот пат од Дреново до клучка Градско практично се спојува со еден од најфреквентните патни правци во земјава, Градско – Прилеп. Со тоа ги поврзува источниот и западниот дел на државата и обезбедуваме комуникација и кон север и кон југ.

Неговата изградба, затоа е од големо значење за подигнувањето на нивото на безбедноста во сообраќајот во овој регион. А како дел од паневропскиот Коридор 10, односно крак 10 – д, патот од Дреново до клучка Градско, влегува и на картата на европската патна мрежа.

Патот е во должина од 15,5 километри. Станува збор за современ експресен пат – со мостови, клучки, надвозници, подвозници, одводнување. А е финансиран, во најголем дел, со пари од европските ИПА фондови.

Над 21 милион евра европски пари се вложени во изградбата на овој пат и над 3,5 милиони евра државни пари. Реализацијата на изведбата е 75 проценти.

И, во моментов се разгледува можноста за дофинансирање на околу 9,8 милиони евра, исто така од европските ИПА структура, со цел проектот да се комплетира во првите месеци од следната година, какви што се проценките од надлежните за проектот.

Како што може да се уверат и граѓаните, ние како  Влада имаме поддршка од нашите европски партнери, во нашите искрени напори да осигураме европски стандарди тука, како и да ја внесеме државата во ЕУ.

Европската Унија е убедливо најголемиот донатор на Западен Балкан, како и во нашата држава за исклучително важни проекти како што е овој пат на кој сме денеска“, кажа Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи