Македонскиот пасош на 43 место по моќност во светот

Објавен е новиот извештај за најмоќните пасоши за 2023 година (The Henley Passport Index). За прв пат по пет години Јапонија не е на прво место. Македонскиот пасош се наоѓа на 43-тото место, односно нашите граѓани со него можат да влезат во 125 земји без визи. Во однос на последната листа, која беше објавена во јануари лани, се подобривме за едно место.

Според новите податоци, на врвот на листата е Сингапур. Нејзините граѓани можат да посетат 192 од 227 земји без виза. Второто место го делат Германија, Италија и Шпанија.

Зад нив се Австрија, Финска, Франција, Јапонија, Луксембург, Јужна Кореја и Шведска. На четврто место се Данска, Ирска, Холандија и Обединетото Кралство.

Од земјите во регионот, словенчкиот пасош е на деветтото место, хрватскиот на 14, Србија на 34, Црна Гора на 44, Албанија на 48, а Косово на 94 место.

На дното на листата се земјите чиј пасош овозможува безвизен влез во помалку од 40 земји во светот, и тоа: Северна Кореја (39), Непал (38), Палестина (38), Сомалија (35), Јемен ( 35), Пакистан (33), Сирија (30), Ирак (29) и Авганистан (27).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи