Мрежата на ЛАГОВИ, во соработка со партнерите од проектот eHelp- „ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАП ДО СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ ПРЕКУ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ВРЕМЕЖУВАЊЕ“, денес ја одржа последната онлајн работилница, со фокус на тема „Социјална грижа и одржливо користење на ресурсите“. Настанот беше организиран од нашите проектни партнери, ФУМО, од Австрија.
За време на оваа работилница, учесниците имаа можност да научат за инспиративни проекти и најдобри практики кои се пример за интеграцијата на социјалната грижа и одговорното управување со ресурсите. На работилницата беа претставени две извонредни иницијативи:
За проектот „KEM Baby – климатски семеен живот“, говореше г-ѓа Габи Мајр раководител на Центарот за родители и деца Мондзиленд и Штефи Мајрхаузер од партнерската организација Regionalentwicklungsagentur Zeitkultur Oststeirisches Kernland.
Проектот има за цел да ја подигне свеста за органска храна за бебиња, вклучувајќи подготовка на храна од сезонски состојки и промоција/ставање акцент на доењето. Проектот се стреми да ги сензибилизира родителите за влијанието врз животната средина од раното родителство и да поттикне одржливи практики. Ова не само што има корист за животната средина, туку има и позитивни психолошки и финансиски импликации. Одржливото живеење, освен што е еколошки, придонесува за среќа, здравје и заштеда.
Проектот „Активности на локалната заедница“, беше презентиран од Корина Коглер, менаџер на здружението „Wir&Ihr – поддршка за лица со посебни потреби“. Овој проект за продавница за втора рака, покажува како посветеноста и трудот можат да ја поврзат заедницата и да ја поттикнат на взаемно помагање, истовремено промовирајќи еколошко одоворно решение како и финансиско одржливо решение.
Споделувањето на вакви иницијативи и поддршката на организации со знаење и искуство во оваа област, е одлична можност за мултиплицирање на овие иницијативи во нашата заедница.
Проектот е поддржан и финансиран од Австриското Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.