Прилепчанецот Никола Магдески единствен претставник на Европскиот Младински Олимписки Фестивал. На (ЕМОФ) кој оваа година се одржува во Марибор, Словенија во периодот од 23 -30.07. 2023 година, ќе се одржат натпревари во вкупно 11 спортови со 3.600 учесници од вкупно 50 европски држави.
Македонската спортска делегација ќе земе учество со по 1 натпреварувач во џудо, гимнастика, пливање и атлетика. Единствен претставник во Џудо е Никола Магдески -66 кг член на ЏК Сеишин-Прилеп и репрезентативец во кадетска репрезентација кој ќе биде прудружувам од личниот тренер кој воедно и е селектор на кадетската репрезентација, М-р Дејан Мицкоски.
На овој настан во спортската дисциплина џудо има пријавено вкупно 308 натпреварувачи (171 во машка и 137 во женска конкуренција) од 43 држави од Европа. Магдески Никола настапува во категоријата ( -66 кг ) каде има пријавено најголем број џудисти вкупно 31. Учеството на овој настан е под покровителство на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, а официјален преставник и шеф на нашата делегација е Дејан Мицкоски.