Од СВР Битола информираат дека вчера, на 06.08.2023, во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Маркова Чешма“ во Прилеп, во дворно место од викенд куќа сопственост на Т.П.(44) од Прилеп бил опожарен неговиот мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
160