По купот сега и Европски тридневен Џудо камп во Скопје од 14 до 16 август


По завршувањето на натпреварите на Европскиот куп „Скопје -2023“ од денес започна Европскиот тридневен Џудо камп 14-16.08.2023. Истиот ќе се одржува во истата спортска сала „Јане Сандански“ на принцип по две тренинг сесии дневно.

На овој камп учество ќе земат околу 80 џудисти од Србија, Грција, Лихтенштајн, Грузија, Америка, Естонија, Норвешка, Саудиска Арабијa,Финска, Германија и домаќинот, Македонија.

Тренинг кампот го предводат нашите селектори Александар Фузевски и Дејан Мицкоски во координација со своите колеги од наведените држави. Ова е одлична можност за размена на искуства, соработка и дружење како на спортистите така и на стручните лица.

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи