ОБНОВЕНО – ВИДЕО – Голема трагедија во Прилеп – татко и син загинаа во пожар на ул. „Цане Илиески“


Голема трагедија синоќа го погоди Прилеп, татко и син загинаа во пожар кој што се случи на улицата „Цане Илиески“ 87а. Според МВР 65 годишниот П.А. од Прилеп пријавил дека во неговата семејна куќа настанал пожар, во кој биле опожарени три простории, при што биле пронајдени починати неговиот 61 годишен брат В.А. и нивниот татко 92 годишен татко Љ.А.

„Онде седев во дворот и кога рекоа, ене онде гори кај Пецо икај Љупчо, друго ништо незнам и после кажаа дека куќата се запалија“, вели една сосетка на загинатите.

Според командирот на ТППЕ Прилеп, Христијан Момироски, пожарот бил пријавен во 21.45 минути, а тие веднаш интервенирале со 3 возила и 9 пожарникари. Но за жал кога пристигнала противпожарната единица лицата веќе биле починати.

„Од лице место опожарено е дел од спратот на куќата, дневна и кујна. Пожарот е изгаснат од страна на ТППЕ и е спречен да не се прошири на другиот спрат и соседните куќи. Нажалост лицата пред дас стигнеме биле починати. Едното од двете лица е пронајдено изгорено во дневната соба, а другото лице од страна на пожарникарите е извадено надвор и од страна на Итната помош е констатирано смрт од задушување“, вели Христијан Момироски, командир на ТППЕ Прилеп.

 Од Итната помош од Прилеп велат дека за жал кога пристигнале на лице место можеле да констатираат само смрт на сега починатите.

 „На лице место дознавме дека има 2 лица кои не се извадени од куќата, на пожарникарите им требаше околу 20 минути да стигнат до телата. На самото место едното тело беше комплетно опожарено, а другото делумно, но првично од количината на чад која ја видовме таму се имаат задушено сигурно двете тела. Еден од луѓето кои живееја таму ни кажа дека биле подвижни но останале да го гаснат внатре пожарот“, истакна Даниел Аврамоски, началник на Итна Помош Прилеп.

Од МВР истакнаа дека увид е извршен од страна на увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени за обдукција. Увидот ќе продолжел во текот на денот со присуство на вешто лице.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи