Како што спомена министерот согласно сите анализи, процедура и барање нормално од производителите и од самото констатирање на ниската откупна цена на пченицата, Министерството, министерот поднесе предлог иницијатива до Владата да се изврши измена на интервентниот фонд, рече Никица Бачовски – директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
„Каде покрај другите мерки кои претходно датираа од јануари наваму, се додаде мерката за дополнителна поддршка од 3 денари за продадена пченица, која во самата иницијатива на интервентниот фонд е препишано дека државниот инспекторат за земјоделство има за задача да ги посети сите откупувачи, сите преработувачи, да ги собере податоците за вашата предадена пченица, колкава е килажата, во кој период е истата откупена и истите да ги достави до 30 септември до Платежната агенција, по што ќе пристапиме кон обработка на тие податоци. Јас верувам дека зависно од видот и содржината на самите податоци, дека со една брза исплата која би се случила уште во октомври месец ќе можеме да ги сервисираме вашите барања“, кажа Бачовски.
147