Ни причинува посебно задоволство да Ви искажеме благодарност за вашето минатогодишно учество и да Ве поканиме на заедничко дружење и на овогодинешниот најголем проект поврзан со наследството – Европски денови на културно наследство, велат од прилепскиот Завод и Музеј Прилеп. Оваа партиципативна манифестација ја препознава и ја нагласува улогата на локалната заедница во заштита на наследството, промовира инклузивноста и поттикнува креативност.
Во серијалот на 50.000 настани, на тема Недопирливото културно наследство – Живо наследство, што се случуваат во 48 земји во Европа се вбројуваат и следниве настани организирани од Завод и Музеј – Прилеп во перодот од 22. (петок) до 28. (четврток) септември 2022 година.
22.09.2023 петок
Слободен влез во постојаните поставки: Меморијален музеј 11ти Октомври – Рубинчо Белчески, кустос советник; Галерија на икони – Елизабета Иваноска, кустос; Роднокрајно музичко творештво – Лилјана Неделкоска – библиотекар; Археолошка поставка – Габриела Христовска, кустос; Етнолошка поставка – Паре Заревска, виш кустос; Музеј за тутун – Александар Цветкоски, кустос советник
27.09.2023 среда
Настан: Средба со Мимика Кинезија и Ишарет трипартитна, интерактивна и едукативна работилница за заштита на движењата што се применуваат во нашата социјално-духовна традиција; подготовка, проекција, вежба
Место: Етнолошка поставка и Едукативен центар
Реализација: м-р Александар Цветкоски, кустос советник и м-р Паре Заревска, виш кустос
28.09.2023 Четврток
Настан: Култ, жртвеник и неолитска куќа интерактивна и едукативна работилница
Место: Постојана археолошка поставка и Едукативен центар
Реализација: м-р Оливера Јандреска, виш кустос
25.09.2023 вторник и 27.09.2023 четврток
Настан: Религиозното поведение на Марковите потомци, интерактивно-едукативна тура низ варошките цркви
Место: Варош, Црква Св. Никола
Реализација: виш кустос Мимоза Хирстоска
Вашето учество има свој придонес кон остварување на поставента цел за подигање на свеста за градење на одржлива заштита на заедничкото европско наследство.