Со вело тура низ прилепските улици учениците од ООУ „Кочо Рацин“ го одбележаа Светскиот ден без автомобили.
„Ова е наш придонес кон здравјето, културата и природата. Ние, учениците од 4а и 4б одделение возбудени, насмеани и задоволни покажавме дека умееме за момент да ги потсетиме сите да запрат со своите автомобили и да покажат дека природата заслужува почит, разбирање и грижа“, велат учениците од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.
Тие искажаа и благодарност до ОВР Прилеп, Одделението за безбедност во патниот сообраќај, како и до сите родители кои со своето присуството ги поддржаа и го направија овој настан ден за памтење.
155