Од утре се враќа железничката линија Битола-Скопје, возот ќе вози со 20 км. на час таму каде што беа запалени праговите


Железничката линија Битола-Скопје се очекува да биде пуштена во употреба утре попладне. Според помошникот директор за сообраќај на ЈП МЖ за инфраструктура, Никола Марков, биле заменети поголемиот дел од праговите кои изгореа во серијата на пожари, што се случија на 23-ти минатиот месец во Пелагонија. Најголеми оштетувања имаше на делницата од селото Гостиражни до селото Слепче, а штети на праговите имаше и во околината на селото Тројкрсти.

„Со максимнални напори на вработените во МЖ пругата е доведена до состојба за да може да се пушти линијата Битола-Скопје. Не се заменети сите 1.000 изгорени прагови, но најважно во овој момент беше што побрзо да се оспособи пругата за возење. Останатиот дел тековно ќе бидат заменети во периодот кој следува. На неколку критични места, каде имаше пожари, движењето на возот ќе биде ограничено на 20 км. на час“, вели Марков.

Со ваквата ситуација во моментов единствена функционална пруга во Македонија е делницата од Скопје до Гевгелија. Возовите за Куманово и Табановце, за Кочани и кон Кичево, веќе одамна не се во сообраќај.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи