ВИДЕО – Со песни, рецитали и драматизации на учениците од „Кочо Рацин“ започна одбележувањето на празникот 11 Октомври


Со Интегриран работен ден на ученциите од ООУ Кочо Рацин на Паркот на Револуцијата во Прилеп започна одбележувањето на 82 годишнината од подигнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Низ песни, рецитали и драматизација беше претставен Денот на востанието и значето на НОВ за создавањето на современата македонска држава. Целта е на еден нестандарден начин преку игра и забава младите да учат за минатото и за тоа како треба да си ја сакаат Татковината.

Сакаме на националната свест и на тоа патриотско чувство да работиме од најмали нозе, тоа е и целта на овој настан, од најмали нозе да ги учиме учениците да си ја сакаат татковината, да си ја почитуваат, затоа што сама така ќе може да си ја зачуваме во ова време кога сите ни го негираат идентитетот, јазикот и не негираат нас“, рече Наташа Кулеска, наставник по македонски јазик.

 

Преку игри и најразлични точки децата да сватат колку е значајна оваа манифестација, т.е. историјата за македонскиот народ. Ние, моите ученици ќе се претстават со гимнастичка точка на песната „Заветна““, додаде Мартина Јездиќ, наставник по физично и здравствено образование.

 

Преку игри децава да ја осознаат историјата, нашиот најважен ден, 11 Октомври кој претставува почеток на народната борба за Македонија, каде борците го дале својот живот за нашата иднина“, истакна Јулијана Тренкоска, директорка на ООУ „Кочо Рацин“.

Децата велат дека овој начин на настава им помогнал доста подобро да ја разберат и научат за нашата историја и за тоа што се случувало во Прилеп за време на НОБ.

Ние ќе раскажуваме за историјата и ние што сме од рециталот ќе кажеме како порано партизаните се поздравувале, кои биле партизани“, вели еден ученик.

 

Ќе се поделиме во 3 групи и сите ќе направиме како што беа групите, спој на жиците, напад на Участакот и убиство на чуварот“, кажа друг ученик.

 

Придонесуваат многу, бидејќи лично и јас научив многу работи, поточни датуми, како конкретно се случувале работите и преку драма сега ќе му го презентираме и на другите“, додаде уште еден од учесниците на манифестацијата.

Со оваа свеченост започнува и одбележувањето на големиот празник во Прилеп.

Целокупната програма која се состои од културни настани е замислена така што ги ангажираме и учениците и сите посетители кои ќе нѐ посетат во нашиот град. Се надевам дека ова ќе продуцира голем интерес, каде се потсеќаме и на историјата и на сите настани кои ја одбележуваат нашата историја на Република Македонија“, изјави Борче Јовчески, градоначалнбик на Прилеп.

Чествувањето на празникот продолжува и утре вечер со пригодна програма во центарот на градот, како и на самиот ден 11 Октомври со оддавање на почит на загинатите партизани на Могилата на Непобедените.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи