МВР ќе поставува пунктови за вадење лични документи – граѓаните револтирани од застојот

Facebook
Twitter
Email
Print

Во наредните десетина дена ќе бидат поставени десетина нови работни позиции за вадење лични документи каде што граѓаните ќе може да се јават и без закажување и добивање термин, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Новите места ќе бидат поставени во Скопје. Тој во интервју за 360 степени, рече дека ова се прави со цел да се овозможи во предвидениот рок да се заменат сите лични документи на кои ќе стои новото уставно име на државата Република Северна Македонија.

Според евиденцијата, околу 1 милион граѓани имаат документи со новото име, а за застојот со термините Спасовски ги обвинува граѓаните, бидејќи според него, не доаѓаат во закажаното време и потоа повторно се јавуваат на телефонскиот број да добијат нов термин.

Во меѓувреме граѓаните на кои им се истечени личните документи се соочуваат со голем број на проблеми и потешкотии, односно не се во состојба од банка да си ја извадат платата или пензијата ако немаат платежна картичка, не можат да аплицираат за кредит или да го зголемат дозволениот минус, не можат да извадат други потребни документи, не можат да отпатуваат надвор од државата, а немањето на документ повлекува и казна доколку ги запре полиција. Сето тоа создава револт кај граѓаните кои со месеци не можат да извадат личен документ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи