На викендица во Прилеп изгорело се освен иконата на Исус Христос


Од ТППЕ Прилеп информираат дека ноќеска бил пријавено пожар на викендица – работилница во близина на Прилеп. Екипи од ТППЕ веднаш интервенирале на пожарот, при што истиот за брзо време бил локализиран, а потоа и целосно изгаснат. Но екипите забележале нешто навистина несекојдневно.

„Имено од наша страна при интервенцијата е приметен еден настан кој сакаме да го споделиме со вас. Од пламените јазици е изгорен – оштетен скоро цел инвертар, но не и и Иконата од Господ Исус Христос, која била во објектот. Од наша страна иконата е извадена надвор од опожарените делови на објектот. Слава тебе Господе“, велат од ТППЕ Прилеп.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи