Денес во Центарот за култура „Марко Цепенков“ октетот Прилеп ќе го одржи својот годишен концерт, на кој што публиката ќе биде во можност да го слушне нивниот репертоар на македонски народни песни.
Покрај октет Прилеп, како нивни гости на овој концерт ќе настапат и Миле Кузмановски, Белинда Ристеска и Викторија Георгиоска.
Концертот започнува во 19:30 часот, ќе биде во големата сала, а влезници по цена од 100 денари може да се набават на телефонскиот број 078 664 701.
161