ВИДЕО – 30% од граѓаните погодени од енергетската, економската и кризата за храна, потребно е подобро менаџирање со нашите ресурси


Во Македонија тешко е да се дојди до бројката на граѓани кои се погодени од енергетската и економската криза, не постои база на податоци, но според некои информации се проценува дека тоа е 30% од вкупното население во државава. Тука не се погодени само социјално ранливите категории на граѓани, туку и целата средна класа на граѓани. Ова беше констатирано на економскиот форум „Ефектите од кризата врз ранливите категории граѓани“, кој е во склоп на акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет.

„После започнувањето на војата во Украина, а претходно Ковид пандемијата предизвика зголемување на онака веќе постоечката енергетска криза и достигна рекордна инфлација во последните 25 години од неверојатни 19,8% во месец октомври 2022 година“, вели Талија Петреска, експерт за кризен менаџмент.

Експертите посочуваат и тоа дека иако како држава располагаме со огромен број природни ресурси и за храна и за енергија кои може да ни помогнат во добро менаџирање со кризите тоа за жал не е така кај нас.

„Да можиме тие 300 сончеви денови во текот на годината да ги искористиме за донивање на квалитетен производ, да ги задоволиме потребите за храна на Македонија, со нормално цени кои одговараат на нашите стандарди, а при тоа да може да ја искористиме и бесплатната енергија од сонцето“, истакна Мартин Савевски, универзитетски професор.

Иако се презедоа одредени мерки за намалување на кризата кај граѓаните и од страна на државата и од страна на општините, сепак на терен ефектите се минимални.

„На локално ниво да се симнат потребите на граѓаните за да може локалните заедници да ги почувствуваат ефектите од преземените мерки односно и граѓаните сами да може да нудат одредени решенија“, рече Гордана Цветаноска, новинар.

Целта на форумот е да предложи модификација или нови мерки на бнуџетските трошења во услови на криза.

„Секоја законска, економска или енергетска мерка доколку би била правилно донесена тогаш би имала голем бенефит и би ја имала целта за која таа е фокусирана, односно како на ранливата категорија на граѓани така и на останатите“, додаде Ерика Пешкоска, универзитетски професор.

 

„Она на што всушност се фокусира проектот се трите сегменти, едниот сегмент е мерки за заштита на стандардот на граѓаните, мерки за помош нма фирмите и мерки во делот на земјоделието и обезбедувањето на храна“, изјави Даниела Цветаноска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Проектот е финансиран од програмата на Цивика мобилитас, а имплементиран од Finance Think, ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Рурална Коалиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи