ВИДЕО – „Трикафта им припаѓа на сите, тоа е основно човеково право“ – хуманитарен концерт за поддршка на болните од цистична фиброза

На иницијатива на Општина Прилеп, а во соработка со Асоцијацијата за цистична фиброза и бендот The Hounds во центарот на Прилеп се одржа хуманитарен концерт на кој што се собираа средства за лицата болни од цистична фиброза. Беше нагласено дека жално е кога е кога знаеш дека има лек, а тој лек поради немање на соодветна желба на државата и институциите не стигнува до оние на кои може да им го спаси животот. Од 140 пациенти во Македонија во моментов лекот Трикафта го има само за 12 пациенти.

„Битка за унапредување на третманот и лекувањето, за обезбедување на центар за цистична фиброза, тоа значи еден пристап до модулаторната терапија и пристап до сите потребни лекови што е во согласност со современите и европски протоколи. Борбата е заедничка и таа останува, Трикафта за сите, лек за сите. Тоа е на крај и основно човеково право. Лекопт им е потребен на сите, лекот им припаѓа на сите“, изјави Елизабета Ангелекса Атанасоска, член на Асоцијацјата за цистична фиброза и родител на пациент со цистична фиброза.

Ваквите активности се важни за подигнување на свеста и поддршката за пациентите со цистична фиброза кај нас. Пациентите се од најмала возраст, а најстариот има околу 40-тина години.

„Значи апсолутно треба да им се помогне на луѓето со цистична фиброза кај нас и сите лекови да се стават на позитивната листа и да се набават пред се и да се зголеми свеста дека најитно треба да се донесат лековите“, рече Крсте Карчески, член на бендот The Hounds.

Една општествено одговорна компанија од Прилеп донираше два инхалатори за овие лица.

„Прилеп отсекогаш знаел да ги поддржи оние на кои им бил најпотребен. Затоа и нашето мото оваа година е дека тој бил Борец, Херој и Хуманитарец. Така и се однесуваме, така и ја започнуваме оваа прослава по повод Денот на ослободувањето 3 Ноември“, вели Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Со овој настан започна одбележувањето на празникот 3 Ноември Денот на ослободувањето на Прилеп.

„Програмата продолжува и во вечерните часови со манифестирање на играорците од КУД „Мирче Ацев“ во Прилеп со тоа го означуваме овој момент на Денот на ослободувањето 3 Ноември“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Во Прилеп има двајца пациенти со оваа болест 32 годишна жена и 13 годишно девојче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи