На подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола, Охрид, Штип и Куманово вчера беа реализирани повеќе превентивно-едукативни активности посветени на децата од основните училишта.
МВР информира дека во средните училишта „Орде Чопела“ во Прилеп и „Наум Наумовски Борче“ во Крушево се реализирале едукативни работилници посветени на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи не на дрогата, да на животот“.
Покрај овие активности, на подрачјето на СВР Битола полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во централното подрачје на Битола реализира превентивни активност во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот „Не користи алкохол кога возиш“.
178