Во текот на изминатата вечер (11/12.11.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 48 возачи.Од нив 34 на територија на Прилеп, по 5, во Битола и Македонски Брод, 2 Ресен и по еден во Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 48 други видови прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
165