Акција за пошумување пред манастирот „Свети Димитрија“ во село Ореовец

Во текот на вчерашниот ден во атарот на село Ореовец, односно пред манастирот „Свети Димитрија“ од група љубители на природата беа засадени дрвца од типот багрем и јавор.

„Моето срце беше исполнето со убавина и радост. Им благодарам на сите што зедоа учество во акцијата, Здружение на дијабетичари „Сина револуција“ Прилеп, Ново нордиск здружение на дијабетичари од Македонија, Лајонси, подружница на Црвен Крст Прилеп, СОУ „Орде Чопела“, пријатели од селото Ореовец и сите други кои учествуваа и дорпидонесоа за оваа акција на пошумување. Одиме понатаму 🌲❤️🌳“, истакна Диме Велески, иницијатор на оваа акција.

Велески надополни дека со лајкови на социјалните мрежи шумите нема да се пошумат и потребна многу поголема заангажираност и активност од страна на населението, додека пак пасивност на шумската полиција ги остава шумите комплетно незаштитени од дрвокрадците и дивата сеча.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи