Родителите на новороденчето кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје десет дена по раѓањето во прилепската болница поднесоа предмет до прилепското обвинителство, бидејќи се сомневаат дека напревани се пропусти при третманот на бебето и бараат да се утврдат причините за смртта.
Од Обвинителство потврдуваат дека до нив е поднесен предмет и дека постапуваат по истиот.
„Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет непосредно по настанот. Земен е исказ од мајката, а се очекува постапувањето и на надлежните органи кои вршат вонреден надзор во медицинските установи, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од ЈОРМ.
Во меѓувреме продолжува вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во Општа болница Прилеп кој започна вчера.