Граѓаните треба да знаат дека од десната страна на ул. „Леце Котески“ кога одиме кон излезот на Прилеп има постоечки канал кој ја нема сигурноста да ја сноси тежината на уште една трета лента. Земајќи го тоа во предвид, тоа е еден огромен зафат и огромен проект, со дополнителни експропријации, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
„За проширување на улицата прво треба да го санираме тој постоечки одводен канал, некои сметаат дека постои повеќе од 30 години и на тој канал сега за сега во втората фаза ќе постои велосипедска и тротоарска патека. Трета лента не беа во можност и проектантите да испроектираат за да биде проширена.
Проектот е веќе најавен и е во подготовка. Во најскоро време ние ќе имаме можност да доликува на влез од соседни општини каде фреквенцијата на движење и тоа како е зголемена, посебно кога и земјоделците и стопанствениците имаат потреба од користење на тој пат.
Со оглед на тоа што актуелниот проект има временски термин 5 години да не биде коригиран, односно да не биде нарушен тој проект, ние во најскоро време после 4-5 години можеме да сметаме дека може да се прошири за уште една лента.
Сандаче за поплаки во општинската зграда нема, веројатно крајната дестинација за упатување на апели, забелешки, жалби и поплаки сум јас, заедно со комплет нашата самоуправа и грижата и совеста.
Еве само еден пример, во изведувањето на делот од тротоарот на улицата Леце Котески, направен е прекин на електричната мрежа, односно инсталација и тоа граѓаните на Жабино Маало ги кошта неколку дена немањена струја. За жал дефектот не е пријавен, затрупано е со земја и останува да детектираме, да ангажираме наша служба за да направи увид на лице место, да ги согледа дефектите и да ги отстраниме. Значи самите граѓани, самите жители во околината на Леце Котески ги чувствуваат аномалиите и не така сигурната динамика за изведување на оваа сообраќајница. Ова е само еден од многуте примери каде граѓаните се жалаат и имаат примедби и сето останува ние да го санираме, односно ние да преземиме сѐ за да не се почувствува во нормалниот живот на граѓаните“, кажа Јовчески.