ВИДЕО – Ковачевски: Во 2030 кога ќе станеме членка на ЕУ ќе направиме настан на кој граѓаните ќе може да ги вратат пасошите од други држави

После 31 декември процесот за Уставни измени не затвора, тој процес е отворен и ќе биде отворен се додека не биде реализирана обврската која Северна Македонија ја има согласно преговарачката рамка и согласно заклучоците на Собранието кои се донесени со мнозински број на пратеници од доминантниот број на политички партии во држвата, рече премиерот Ковачевски.

„После таа одлука следуваат нови одлуки со двотретинско мнозинство. Сите оние кои се против оваа одлука се и против нови одлуки со двотретинско мнозинство за реформи во правосудството, за реформа во финансирањето на локалната самоуправа, за реформа во јавната администрација во зголемувањето на нивната ефикасност, сѐ се тоа одлуки кои подоцна пак се носат со двотретинско мнозинство. Затоа јас велам дека ова е прва од низата на одлуки и затоа овој процес не е процес на еден човек, не е процес на една политичка партија, не е процес на една Влада, туку е процес на општеството како Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Како нашите деца да живеат и работат во ЕУ, таму каде што сакаат, но тоа да не биде со туѓ пасош од друга држава, во туѓина, туку да биде тука во Македонија земја членка на ЕУ.

Јас ќе повторам уште еднаш, дента кога ќе станеме членка на ЕУ во 2030 ќе направиме настан на кој нашите граѓани ќе можат да ги соберат пасошите кои ги имаат земено од други држави за да можат да работат во ЕУ и да им ги вратиме и на тие држави да им кажеме ова веќе не ни треба, бидејќи нашиот пасош ги има ѕвездите на ЕУ“, вели Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи