ВИДЕО – Поранешен „Сувенир“ од Самоков ќе го произведува првиот македонски дрон за воени цели


Македонија наскоро ќе го добие својот прв домашен дрон за воени цели кој што ќе биде произведен во фабриката АТС АММО или поранешна Сувенир во селото Самоков во Општина Македонски Брод. Дроновите ќе бидат мултинаменски и ќе имаат способност да бидат испраќани во извидничко разузнавање, но ќе бидат оспособени и за борбени дејствија, како и за употреба за употреба во цивилни цели.

„Многу скоро АТС АММО ќе започне со сериски производство на 4 видови на дронови кои што ќе бидат опремени со вештачка интелигенција, кои што ќе имаат висок дострел, соодветна носивост да можат да бидат опремени со соодветна опрема и кои што ќе бидат целосно произведени во Македонија согласно сите НАТО стандарди и ќе може да ги гледаме во воените арсенали на НАТО земји“, истакна Димитар Ковачесвки, премиер на РМ.

Инаку АТС АММО е единствена македонска фабрика за малокалибарска муниција која опстојува цели 42 години. Годишниот капацитет и е 120 милиони парчиња, а следната година планира да произведе 250 милиони парчиња со што ќе биде најголема фабрика од овој тип во Југоисточна Европа кој произведува муниција за НАТО државите според сите стандарди на Алијансата. Со членството во НАТО се отвори потенцијален пазар од 5 милијарди евра за македонските компании.

„Би сакал да ги повикам домашните компании да го следат примерот на АММО, да се охрабрат, да ги приспособат и ресруктуираат сопствените производствени процеси, односно своите производи да ги усогласат со со највисоките стандарди на Алијансата што е услов за учество во тендерската постапка“, кажа Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

 

„И останатите компании кои се занимаваат и со други дејности го зголемуваат интересот за регистрација на НАТО пазарот, ако во 2021-ва тоа беа само 8 компании, сега за само една година тој број е зголемен за 18 или вкупно некаде има околу 40-тина компании кои го добиле тој НАТО код и можат да учествуваат на НАТО пазарот“, додаде Славјанка Петровска, министерка за одбрана.

 Беше најавено дека после Нова Година АРМ ќе ја добие донацијата од Норвешка во камиони и теренски возила, а беше потенцирано и тоа дека наскоро ќе има набавка на нови дронови за потребите на АРМ, а тенковите кои беа донирани во Украина ќе бидат заменети со друг вид пософистицирани возила од овој тип.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи