ВИДЕО – Сојузот ги отфрли предлог цените на откупувачите за новата реколта, ги повика тутунарите да не склучуваат договори


Тутунарите ги отфрлија и не ги прифатија предлог цените на откупувачите за новата реколта кои се движат од 365 па се до 375 денари за прва класа, за втора класа им биле понудени цени од 264 до 300 денари, а за трета од 198 до 245 денари. Тутунарите сметаат дека тутунот оваа година треба да биде исплатен 500 денари за прва класа, 420 денари втора класа и 350 денари за трета класа. Сојузот на земјоделски здруженија ги повика тутунопроизводителите да не ги потпишуваат новите договори се додека не се исполнат нивните барања.

„Оваа година беа повисоки цените од овие сега што тие ги предложија.И ние во овој момент ги повикуваме сите тутунопроизводиотели да не потпишуваат и да не склучуваат договори. Бидејќи како што формите ни ја воспоставија праксата за на есен да се правата анекси, е тоагаш ние на есен нема да склучуваме анекси туку договори. И тогаш ќе си ги кажеме нашите цени, нашите барања и трошоци. И тогаш ќе склучиме договор со која фирма сакаме, односно со таа фирма која што ќе се сложи на овие цени“, рече Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Според податоците на државниот земјоделски инспекторат досега биле откупени нешто под 15 милиони килограми на тутун со просечната откупна цена од 353 денари. И инспекторатот и тутунарите сметаат дека се потребни измени за законот за тутутун, па дури да се размислува и за либерализација на откупот.

„Пред се уведено е дека има проблем во начинот на договорање, во утврдувањето на на цените, улогата на тутунарите при договарањето на цените и секако можеби треба да се размислува и за либерализација на извозот на тутун. Тоа значи да се земи примерот од соседните земји и да не мора само за секој откупувач или преработувач на тутун да можи да извезува тутун туку да можат да извезуваат и помали компании кои би обезбедиле извоз, така би се добила поголема конкурентност“, изјави Јане Станкоски, директор на државен земјоделски инспекторат.

Според инспекторатот исто така можеби во иднина за да не доаѓа до вакви работи ќе треба да има окрупнување на парцелите за производство на тутун.

„И дефинитивно со просечна површина од 4 декари по фармер, колку што е кај нас, тоа е мала поврпшина. Мора да дојде до окрупнување пред се и да дојде до стабилизација на производната количина околу 20 милиони килограми доколку се случат сите овие ситуации и доколку се разбира временските услови се поволни“, додаде Станкоски.

Изборниот процес го попречи донесувањето на новиот закон за тутун, но тутунарите се надеваат дека тоа може да го направи идната Влада до есен кога ќе започне откупот за годинешната реколта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи