На 28.02.2024 во 13.05 во Полициско одделение Кривогаштани, В.Ѓ.(49) од с.Обршани, пријавила дека нејзиниот сопруг при вршење на земјоделски работи во дворното место пронашол две минофрлачки гранати.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал гранатите и констатирал дека се работи за гранати со калибар од 62мм од Првата светска војна.